Амстердам целосно ќе се грее со енергија добиена од ѓубре

- Advertisement -

Шведската енергетска компанија Vatenfall и компанијата за преработка на отпад AEB Amsterdam склучија партнерство за унапредување на системот за далечинско греење во холандската престолнина, вредно 400 милиони евра.

Жителите на Амстердам моментално се греат на природен гас од електраната Diemen и на отпад, а крајната цел на новиот договор е амстердамската мрежа за греење целосно да се ослободи од фосилните горива. Почетокот на изградбата на неопходниот цевковод е најавена за овој месец, а на помошните топлани за јули.

- Advertisement -

Директорот на компанијата Vatenfall во Холандија, Александер ван Офвеген, изрази желба новото снабдување со енергија да не вклучува нафтени деривати и со греењето од 2040 година натаму да не се емитува јаглерод диоксид.

„Благодарение на иницијативата повеќе домаќинства ќе можат да се греат со ресурси како што е отпадот. “Vattenfall веќе активно развива и користи неколку одржливи извори за својата топлотна мрежа. Со ова поврзување ќе можеме да додадеме уште извори и да ги направиме достапни за целиот град“ изјави Ван Офвеген.

Сподели!
- Advertisement -