Нови истражувања открија мешање на времето и просторот во близина на т.н. црни дупки во вселената, точно како што превидува Анјштајновта теорија.
Кога пред повеќе од 100 години Алберт Ајнштајн ја објави својата Теорија за релативноста, таа претставуваше револуција во светот на физиката. Теоријата даде опис на гравитацијата како геoмeтриско својство на просторот и времето. Поточно, теоријата опишува дека закривеноста на просторот и времето директно е поврзана со енергијата и моментот, независно од материјалот и радијацијата кои се присутни.
Во текот на 100 години, предвидувањата на Ајнштајн од Теоријата за релативноста беа потврдени со експерименти, но поттикнаа и бројни прашања кои и покрај трудот на научниците, останаа без одговори. Но, последното откритие на научниците ја потврдува Ајнштајновата теорија.
Истражувачи ја проучувале ѕвездата S0-2, која има маса речиси 10 пати поголема од Сонцето, и ја следеле нејзината елиптична орбита околу големата црна дупка Sagittarius A, која се наоѓа во центарот на Млечниот пат, на околу 26.000 светлосни години од Земјата. Tие откриле дека однесувањето на ѕвездата додека „бега“ од екстремната гравитациска сила на црната дупка ја потврдува Ајнштајновата Теорија за релативност. Проучувањето на светлината која доаѓа од ѕвездите кои се наоѓаат во орбитата околу огромната дупка во центарот на нашата галаксија даде нови докази кои ја поддржуваат теротијата на Ајнштајн од 1915 година.
Со истражувањето било откриено мешање на времето и просторот во близина на црната дупка, точно како што предвидува теоријата на Ајнштајн. Истражувачите се базирале на податоци добиени од опсерваторијата Кек на Хаваи и се фокусирале на ефектот кој се нарекува гравитацискo црвенo поместување, односно Ајнштајново поместување.