Естониски научници прават батерии од тресетна почва

- Advertisement -

Научници во Естонија произведуваат батерии направени од тресет. Тресет е почва составена од разложени органски материи. Со цел да се добијат батерии тресетот се загрева на високи температури во печки и се добива висококвалитетен карбонски прав. Тој прав може да се користи за да се направат содиум-јонски батерии.

Повеќето електрични возила имаат литиум-јонски батерии, но литиумот е скап метал и може да достигне дури 15.000 долари по тон за да се ископа од земја и да се рафинира, а поради се поголемата побарувачка постои опасност цената уште повеќе да се зголеми.

- Advertisement -

Технологијата за производство на батерии од тресет ја развиваат научници на Универзитетот Тарту. Тресетот што го користат е евтин ресурс и го има во изобилство. Исто така, во голема мера е декомпостиран, што значи при екстракцијата нема да се испушти голема количина СО2.

Глобалната побарувачка за литиум минатата година беше 320.000 тони, а до 2030 година се очекува да достигне 3 милиони тони годишно. Алтернатива за литиумот е содиум, кој е евтин и чини само 150 долари за тон.

- Advertisement -

Во јули годинава кинеска компанија ја претстави првата батерија за електричен автомобил направена од содиум.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -