Швајцарија и годинава ја задржа позицијата – најиновативна земја во светот!

- Advertisement -

Глобалниот индекс на иновативноста за 2019 година рангираше 129 земји од светот кои беа вклучени во истражувањето кое веќе 12 години го спроведуваат Универзитетот Корнвел, Бизнис школата INSEAD и Светската организација за интелектуална сопственост.

Швајцарија и годинава ја задржа својата позиција како најиновативна земја во светот. Шведска од третата позиција се проби на второто место, додека третото место го зазедоа САД кои се искачија за три места од шестата позиција во 2018 година. Аналитичарите посебно ја издвојуваат Кина, која продолжува да се искачува на листата и сега е на 14-тото место и е единствената држава од земјите со средни приходи која се најде во топ 30.

- Advertisement -

На четвртото место се најде Холандија, на петтото Обединетото Кралство, а втората петорка на врвот на листата со најиновативни земји во светот ја сочинуваат: Финска, Данска, Сингапур, Германија и Израел.

Меѓу земјите од поранешна Југославија најдобро е рангирана Словенија, која е на 31. место. Словенците особено добра оценка имаат кога се во прашање инвестициите во истражување и развој, во бизнис секторот, каде што се на 6. место. Најлошо е рангирана БиХ, која е на 76. место. Потоа следува Србија, која е на 57. место и Црна Гора, која е на 45. место. Најголем напредок на листата има Македонија – од ланското 84. место годинава се најдовме на 59. место, што значи тоа е скок за 25 места.

- Advertisement -

Во анализата се истакнува и дека иако светскиот економски раст забавува во однос на минатата година, иновативноста добива на замав во се поголем дел од светот. Сепак, авторите на истражувањето предушредуваат дека малите инвестиции во истражување и развој и протекционистичките политики може значително да ја ограничат меѓународната соработка и размената на знаење.

Сподели!
- Advertisement -