- Advertisement -
Ширет Еези, заменик-министерката за финансии, потврди дека до сега оваа година се вратени 14,5 милијарди денари, односно околу 240 милиони евра, како поврат на ДДВ кај фирмите во Македонија.
Податоците се водат заклучно со јули, а тоа според Елези се 1,8 милијарда денари повеќе во однос на претходната година.
- Advertisement -
„Во текот на овој период до фирмите се вратени над 14,5 милијарди денари што во споредба со претходната година е 1,8 милијарда денари повеќе или 30 милиони евра“, рече Елези.
Ова се должи на зголемување на даночните приходи, ликвидноста на буџетот навременото сервисирање на сите обврски од расходната страна на буџетот кон бизнис-секторот.
- Advertisement -