Во разговор со Марија Димовска, проект менаџер на Стартап Македонија, дознаваме повеќе за првата дигитална платформа креирана за македонскиот стартап екосистем
Разговараше: Верица Јорданова
Kажете ни повеќе за Стартап Македонија и нејзиниот сегашен клучен проект?
Стартап Македонија овој месец ја претстави првата дигитална платформа за стартапи и целиот стартап екосистем во земјата и ги поканува стартапите да се регистрираат. Засега првата дигитална платформа е отворена за регистрација за стартапи. Како организација Стартап Македонија има визија и мисија да го зајакне стартап екосистемот, да помогне во развојот на македонски стартапи и да го зголеми бројот на успешни македонски стартап приказни. Ние сме тука да ги поврземе стартапите во нашата држава со соодветни чинители од акцелераторски програми, инвестицски гуруа па до инвестициски фондови, за стартап идејата да не остане само идеја. Се со надеж сето тоа да придонесе и помогне во развојот на дигиталната економија.
Дигиталната платформа е резултат на креативна идеја и визија на колективна група на стартап ентузијасти, експерти инвеститори акцелератори и други организации. Стартап Македонија e заедница со една заедничка цел со дигитален пристап да ја поврзат и вмрежат македонската стартап заедница. Па така да поттикнат и помогнат во креирањето на благопријатна работна атмосфера за стартапи во нашата држава.
Визијата беше зачната во не толку далечаната 2016 година кога се основа Стартап Македонија. Следниов месец ќе наполниме три години и воедно ќе го прославиме роденденот со отворањето на наши канцеларии во центарот на Скопје. Просторот ќе го носи името МКстартапи. Се одлучивме токму за ова име бидејќи МКстартапи ги вклучува и брои сите чинители и учесници на македонскиот стартап екосистем. Ќе биде во центарот на градот, се со цел да бидеме лесно достапни за сите стартапџии и чинители од стартап екосистемот.
Зошто се решивте да креирате дигитална платформа? Од каде произлезе потребата и идејата за нејзино креирање?
Дигиталната платформа или data–driven platform е официјалниот опис на платформата на англиски која Старап Македонија ја гради со помош на USAID, Swiss-EP, стартапите и организациите поддржувачи. Дигиталната платформа ќе биде траснпарентен и отворен центар за холистичен напредок на екосистемот, ќе вклучува и календар на настани и е место каде ќе може да се најдат индивидуални профили од стартапи организации, инвеститори и ментори. Целта е со користењето на платформата да се зајакне и доразвие македонскиот стартап екосистем.
Во 2018 Стартап Македонија направи детално истражување на тогашниот постоечки стартап екосистем. Истражувањето покажа дека постои разлика помеѓу помошта која им е потребна на стартапите и онаа што ја нудат акцелераторите и останатите чинители на стартап екосистемот. Истражувањето покажа дека стратапите не се доволно информирани и немаат доволно контакти од организации кои можат да им помогнат како и контакти од бизнис заедницата. Организациите кои се тука пак да им понудат помош на стартапите имаат потешкотии во комуникацијата со стартапите.
Истражувањето беше исклучително важно и потребно бидејќи ни даде можност да ги согледаме недостатоците на македонскиот стартап екосистем. А тоа е стартап екосистем каде сите негови членки взаемно ќе си помагаат, каде организациите и донаторите ќе му нудат онаква помош на стартапите каква што им е и потребна, се со цел да може да се создадат повеќе успешни стартап приказни кои пак ќе бидат катализатор за други понатамошни успешни стартапи.
Колку трае изградбата на платформата?
Процесот на градење на платформата трае точно 9 месеци и брои точно 6 фази. Градењето на платформата започна во април 2019 а ќе заврши во декември оваа година. Платформата се гради според методологијта на Startup Commons. Прибирањето на податоци и информации и нивно менаџирање ќе е според стартап методологијата на Startup Commons што всушност вклучува нудење на конкретни услуги за развој според фазите за развој на стартапи.
Ако ја посетите платформата уште сега може да го видете графичкиот приказ за нејзиниот развој по месеци. Онака како што е замислена, платформата е всушност интегрирано решение кое ќе агрегира податоци од целиот македонски стартап екосистем при што ќе сочинува 3 различни извори на информации и податоци: стартапи, подржувачи организации на стратапи и инвеститори.
Платформата ќе го вклучува и Стартап Digest календарот кој е првиот календар за локални и регионални стартаап настани, па затоа слободно следете го и останете поврзани со се што се случува во стартап заедницата. Со цел да допрат до и имаат поголема публика на настаните, подржувачите организации може сами да пријавуваат настани кои ги организираат на самиот календар.
Кога таа официјално ќе стратува и кој се може да се регистрира?
На есен ќе има бета тестирање, а кон крајот на декември 2019 ќе ја лансираме самата платформа. Сега регистрацијата за стартапи е отворена. Може да се регистрираат оние кои имаа регистрациски број на компанија. Може да се регистрираат компании кои имаат стартап идеи/ МVP соодветни. Веднаш со самото лансирање ќе може на платформата да се регистрираат и други чинители, односно тоа се инвеститори, компании, организации и сите други кои сакаат да се дел од стартап екосистемот а можат да понудат различен опсег на услуги кои ќе му помогнат на стартапите во нивниот развој.
Како ќе функционира платформата?
Независно дали услугите кои чинителот сака да ги понуди дали се услуги за развивање на маркетинг стратегија, простор за работа (co-work space), совети за брендирање или пак финансиска помош, чинителот ќе може да провери кои стартапи ги има во земјата и се на платформата. Затоа со самото лансирање на платформата стартапите кои уште сега се регистрирале ќе имаат можност да го дооформат својот профил со тоа што ќе споделат информации.
Сакам да нагласам дека стартапите си одлучуваат кои информации тие ќе ги дадат и споделат на дигиталната платформа. Станува збор за споделување на информации кои ако сакате пак да добиете помош од инвеститорски фонд, во процесот ги споделувате со инвеститорите. Што значи стартапот во својот профил наведува дали нуди конкретен производ или пак услуги. За кој сектор тој прозивод се нуди или пак станува збор за ниш услуга. Колку вработени брои самиот стартап и регистрациски број на стартапот.
Но најважно од се е стартапот да ја наведе фазата на развој. Зошто најважна бидејки самата платформа како што спомнав пред малку ќе е транспрантен и отворен центар. Тоа значи дека тековно ќе има информации и податоци од акцелераторски програми, помош која клубот на бизнис ангели во склоп на CEED Maкедонија постои како и други новости од инвестициски фоднови.
Така чинителите ќе можат да видат дали она што го нудат тие како услуга за развој на стартап соодествуваа и може да му помогне на одредени стартapи. Пример еден од 3те акцеларатори има отворен повик за акцелераторска програма, тој повик ќе биде внесен и видлив на самата платформа со што регистрираните корисници ќе може да видат дали акцелераторската програма вклучува и брои помош и експерти кои ќе му помогнат нивниот производ/услуга да стигне на целниот пазар.
Од друга страна, пак акцелераторите ќе може да видат колку стартапи се во одредена фаза од развојот. Па така учесниците на стартап екосистемот ќе добијат севкупна слика каде стартапите заглавуваат најмногу, кој е поголемата пречка за пробивање на пазарот и со тоа да им се понуди соодветна помош, се со цел да се постигне креирање на производ кој ќе одговара на пазарот.
Целата на оваа дигитална платформа е да го поттикне креирањето на нови компании со што претприемачите ќе се информираат, образуваат и ќе им се помогне да се поврзат со соодветна група на таленти и експерти како и ментори. Да се олесни пристапот на финансии на нови и веќе креирани стартапи со што ќе се поврзат со инвеститори и други регионални и меѓународни финансиски фондови, мрежи, алатки, и информации со што ќе се подобри нивното бизнис знаење.
Да се подобри развојот на постоечките стартапи преку бизниси и организации подржувачи како и партнери за соодветно да се поврзат со инвеститори и ментори со цел да се подобри развојот и одржливоста на стартап екосистемот. Платформата ќе се користи со цел да го подобри развојот на стартапи, да креира нови работни места и да го зголеми бројот на инвестиции и приходи низ целиот стартап екосистем.
Стартап Македонија ги повикува сите стартап компании да се регистрираат на првата дигитална стартап платформата https://app.startupmacedonia.mk/.