Компанијата TomTom го објави својот најнов индекс Traffic Index, кој го мери нивото на сообраќајниот метеж во 403 градови во 56 земји во светот. Сообраќајниот метеж изминатата деценија пораснал кај речиси 75% од градовите на листата во периодот од 2017 до 2018 година, при што Мумбаи во Индија изминатата година забележал најмногу сообраќаен метеж од кој било друг град во светот. Таму патниците поминуваат по 65% повеќе време заглавени во сообраќајниот метеж.
Главниот град на Колумбија, Богота, е на второ место со 63% застој во сообраќајот, додека перуанскиот главен град Лима е на трето место со 58%. На четврто место повторно е индиски град – Њу Делхи, каде што возачите мора да поминат 58% повеќе време заглавени во сообраќаен метеж.
Москва е европскиот град со најголем сообраќаен метеж. Таму луѓето кои патуваат со автомобил или друго возило се заглавено во метежот и нивното време на патување е подолго за 56% отколку што треба да биде во нормални услови. Во САД, пак, Лос Анџелес има најлош сообраќаен метеж, но сепак е далеку зад преходните градови со 41% застој во сообраќајот.
Истанбул, Џакарта и Бангкок, исто така, имаат сериозен проблем со метежот во сообраќајот со 53% застој во времето на патување. На врвот на листата меѓу градовите со најлош сообраќаен метеж во светот се најдоа и: Мексико Сити (52%), Рецифе (49%), Букурешт (48%), Санкт Петерсбург (47%), Киев (46%), Даблин (45%) и Лоџ (44%).
Единствената позитивна страна на сообраќајниот метеж е тоа што е показател за силната економија. Се разбира, дека метежот има штетно влијание врз животната средина и им одзема време на патниците. Од TomTom велат дека работат за реализација на иднина во која светот ќе биде ослободен од сообраќаен метеж и од емисија на гасови. Додаваат дека ја имаме технологијата што ни е потребна за да го оствариме тоа, но потребни се заеднички напори и соработка: од компании за регулирање на сообраќајот до влади, производители на автомобили и на крај, самите возачи.