Страшно видео од реката која се создала од стопените глечери на Гренланд

- Advertisement -

Постојано слушаме и читаме дека се топеле глечерите поради климатските прoмени и дека ситуацијата станува многу посериозна. Но, не можеме да сфатиме колку навистина е сериозен проблемот додека не видиме со сопствени очи. Ова видео ќе ги разјасни сите сомнежи кои можеби сме ги имале.

Видеото го објави новинарката Лори Герет  на Twitter, а на него се гледаат ефектите од масивното топење на глечерите во Греналдн. Снимено е во градот Кангерлусуак на западниот дел од Гренланд, а ја прикажува реката која се создала од стопените глечери и сега се влева во океанот.

- Advertisement -

Настанот се случил после невообичаено високите температури кои го зафатиле островот минатата недела. Температурите се искачиле до 22 степени Целзиусови. „Ова е огромна река од стопените глечери која тече под мостот до Кангерлусиак на Гренланд, каде што денешните 22 степени Целзиусови истопија неверојатни 12 милијарди тони мраз за само 24 часа“, напиша новинарката на својот профил на Twitter.

- Advertisement -

Додека во Гренланд има забрзано топење на мразот како ова барем еднаш годишно, годинава ова е вториот случај да се формира река од стопениот мраз. Според научниците на Гренланд, тие минатиот четврток забележале топење на 11 милијарди тони мраз, што е еднакво на 4,4 милиони олимписки базени.

Сподели!
- Advertisement -