„Лидл“ отвора нов логистички центар во Словенија

- Advertisement -

Деловно-логистичкиот центар на „Лидл“ во Арја, Словенија, вреден 70 милиони евра, ќе стане оперативен кон крајот на оваа есен.

Изградбата почната во јуни минатата година е во завршна фаза, а во тек се и подготовките за преселување од моменталната локација во Коменда.

- Advertisement -

Изградбата на новиот логистички центар се одвива според плановите, а со работа ќе почнеме кон крајот на оваа есен. Во моментов сме во завршна фаза. Набрзо ќе следува и преселбата од моменталната локација, изјавија од компанијата за нашиот магазин.

Благодарение на новиот логистички центар, кој се простира на 57.000 м², „Лидл“ планира да ја зајакне позицијата на едно од најголемите трговски претпријатија во Словенија, кое воедно е и најголемиот работодавец со 1.500 вработени.

- Advertisement -

Како што истакнаа од компанијата, овој центар ќе биде еден од првите модуларни центри во светот, со што ќе биде скратена логистичката рута. На покривот ќе има соларни плочи, така што „Лидл“ ќе може да влезе во трката за добивање сертификат за одржлива градба и работење.

Освен овој центар, „Лидл“ планира изградба на логистички центар и во Залог, Љубљана, кој освен словенечкиот ќе ги покрива и пазарите во регионот.

- Advertisement -

(Извор – www.instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -