16-годишниот Американец Кајл Гирсдорф победи на светското првенство во компјутерската игра „Фортнајт“ и освои рекордна парична награда од 3 милиони долари.

Ова е најголемата награда во историјата на е-спортовите, додека целосниот награден фонд на турнирот беше 30 милиони долари.

Гирсдорф, попознат во светот на е-спортот како „Буга“ со смеење го дочекал моментот кога на преполниот Артур Еш стадион во Њујорк беше соопштено неговото име како светски шампион.

Fortnite

@FortniteGame

Congrats to all of our winners this weekend at the Finals

Solo Champion: @bugha
Duos Champions: @nyhrox @aquaa
ProAM: @Airwaks @RLGRIME
Creative: @cizzorz @hiimtylerh @suezhoo @zandOfficial

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter
- Advertisement -
2,280 people are talking about this

„Само сакам ново биро и можеби посебна полица за мојот трофеј“, изјавил Гирсдорф за Би-Би-Си по победата.

Турнирот во „Фортнајт“ е еден од најголемите настани во е-спортот, а се проценува дека оваа индустрија во 2019 година изнесувала преку милијарда долари.

- Advertisement -

На светското првенство се натпреваруваа 100 играчи од 30 држави низ светот. „Фортнајт“ е игра во која играчот е оставен на остров каде треба да најде оружје, да изгради објекти и да ги елиминира останатите натпреварувачи за да победи.

Во светот регистрирани се преку 200 милиони играчи на оваа игра.

- Advertisement -

(Извор- www.radiomof.mk)