Ова се првите паметни очила за пливање со засилена реалност

- Advertisement -

Професионалните пливачи сакаат да ги следат своите перформанси и честопати за тоа користат гаџети како часовници за пливање, но проблемот е во тоа што мора да сопрат со пливање ако сакаат да ги видат своите резултати. Еден стартап од Ванкувер, Канада, го реши тој проблем со својот нов производ – очила за пливање со засилена реалност Form Swim Goggles.

Навидум изгледаат како обични очила, но Forms се опремени со инерцијална единица за мерење IMU (inertial measurement unit), микропроцесор и провиден екран за проектирање сличен на Google Glass кој може да се стави на левото или десното око. Со помош на акцелерометарот и жироскопот на IMU процесорот може да ги следи метричките вредности при пливањето како време на пливање, на одмор, вкупно време, брзина на 1оо метри, на 50 метри, поминато растојание, потрошени калории итн. Притоа, податоците се прикажуваат на екранот. 

- Advertisement -

Очилата имаат и Bluetooth, што им овозможува безжично да се поврзат со iOS/Android апликација на смартфонот на корисникот. Тоа овозможува симнување на податоците за перформансите и одредување кои метрички податоци ќе се прикажуваат на екранот. Електронскиот модул е водоотпорен со 10 метри длабочина и би требало да работи 16 часа со едно полнење на батеријата.

Ако сакате да ги купите, можете да ги најдете на овој линк по цена од 199 долари.

Сподели!
- Advertisement -