Рибари во Индија го претвораат пластичниот отпад во еколошки даски за сурфање

- Advertisement -

Овие рибари во Индија ги претвораат старите неупотребливи рибарски мрежи во еколошки даски за сурфање. Така го чистат морето, имаат нови извори на заработка и го претвораат пластичниот отпад во нешто што може да се користи повторно.

„Ги вадиме рибарските мрежи кои се фрлени во океанот, ги чистиме, ги претвораме во гранули. Тие гранули потоа ги носиме овде, каде што вршиме контрола на квалитет и потоа од нив правиме висококвалитетни производи како што се еколошките даски за сурфање“ велат рибарите.

- Advertisement -

Мрежи се собираат од океан и потоа се носат до фабриката во Пуне, каде што се гранулираат. Рециклирањето на рибарските мрежи не му помага само на морскиот свет. Со вадење на мрежите од океанот тие го чистат и ги спасуваат животните кои може да се заплеткаат во нив. Освен тоа, тие мрежи честопати ги попречуваат рибарите при ловењето затоа што се заплеткуваат во пропелерите на чамците и ги оштетуваат.

Мрежите-духови, како што ги нарекуваат, се навистина опасен загадувач на морињата и океаните. Повеќе од 100.000 китови, делфини, фоки и желки заглавуваат во нив секоја година. Иако се морски животни, тие на крајот умираат од давење. Во некои делови од светот 46% до 70% од отпадот во водите се рибарска опрема, која не може да се распадне ни по 600 години.

- Advertisement -

These Indian fishermen are turning waste plastic into eco-friendly surfboards

Riding the green wave. 🔎 Learn more about innovative solutions to tackle ocean plastic: https://wef.ch/2KmCKuy

Posted by World Economic Forum on Петок, 09 август 2019

Сподели!
- Advertisement -