Иако сообраќајните значи се многу рефлективни, некои возачи ноќно време не можат да ги забележат. Сега нова технологија ќе им помогне така што сообраќајните знаци ќе привлекуваат внимание со менување на боите од виножитото.
Системот го развија научници од Универзитетот Фудан во Кина во соработка со експерти за оптика од американскиот Универзитет на Бафало, а се состои од тенка провидна фолија од едната страна покриена со полимерни микросфери. Системот функционира во двата правци и веќе е тестиран на терен.
Ако еден знак на кој има поставено од оваа фолија е осветлен со стационарно бело светло, возачите кои поминуваат брзо покрај него ќе забележат како менува бои додека поминуваат. Тоа е така затоа што бојата се менува во зависност од аголот под кој се гледа знакот.
Понатаму, ако таква фолија е поставена на металните столбови покрај патот, пешаците кои стојат или се движат бавно ќе видат како се менуваат различни бои во зависност од тоа под кој агол ги осветлуваат светлата од возилата. Тоа е така затоа што се менува бојата во зависност од аголот под кој паѓа светлината врз фолијата.
И во двата случаи брзината со која се менуваат боите зависи од брзината на движење на автомобилите. Затоа, ако возачите забележат знак кој многу брзо менува бои, ќе знаат дека возат премногу брзо. Ако еден пешак види дека металните столбови брзо ја менуваат бојата, ќе знае дека зад нив наидува потенцијално опасно возило.
Сето тоа е овозможено со миркофотонската структура на малите сфери во фолијата. Исто како што една призма ја дели белата светлина на боите од виножитото, микросферите селективно рефлектираат делови од белата светлина и даваат шаренило.