Hydrofoiler е електричен велосипед кој може да се вози по вода

- Advertisement -

Заборавете на возењето велосипед по патишта. Компанијата Manta5 од Нов Зеланд креираше велосипед кој на велосипедистите им овозможува да се движат по вода. Hydrofoiler XE-1 е опремен со батерија и тивок мотор од 400 вати.

Гај Хауард Вилис е тој што ја добил идејата за велосипедот додека возел велосипед по бреговите на Нов Зеланд. Негов сон бил да може да вози по вода. Тогаш се запознал со љубителот на велосипеди и дизајнер на велосипеди Роланд Алонсо и заедно работеле 6 години на овој велосипед. Hydrofoiler XE-1 овозможува возбудливи авантури по реки, езера, па дури и по океани.

- Advertisement -

Електричниот велосипед може рачно да се управува или да се вклучи електричниот мотор. Со едно полнење на батеријата можете да возите еден час. Од Manta5 велат дека батеријата и моторот имаат долг век на траење без разлика на тоа дали се користат во солена или во слатка вода бидејќи на него се применети најнапредни техники за водоотпорност.

Пропелерот направен од најлон засилен со карбонски влакна овозможува голем погон при мала брзина, а при голема брзина го намалува влечниот момент. Рамката на велосипедот е направена од алуминиумска легура која се користи кај авиони поради малата тежина, а голема цврстина. Многу е лесно да се склопи поради модуларниот дизајн.

- Advertisement -

Manta5 планира да почнат со претподажба во февруари 2018 година. Цената на велосипедот е 5.237 долари. На почеток планираат да пуштат во продажба само мал број модели пред да го лансираат на интернационалниот пазар, но сите што живеат надвор од Нов Зеланд можат да се регистрираат тука. 

Сподели!
- Advertisement -