Со цел да се подготви за следната мисија на Марс 2020 , НАСА ,,слета” на Исланд , каде го тестира најновиот ровер.
Со својот црн базалтен песок , дините на силните ветришта полето од лава Ламбахраун во подножјето на глечерот Ланјокула е избрано како полигон за тестирање на Марс.
Петнаесет научници и инженери од НАСА три недели таму ќе го успвршуваат прототипот на робот , кој ќе треба да ја продолжи мисијата на ,,Кјуриозити” , кој го истражува Марс од 2012.
„Исланд е многу добра аналогија за истражување на Марс и тестирање како функционира роверот “, вели Адам Деслауриер, од канадска компанија платена од НАСА за тестирање на прототипот на новиот ровер.
Прототипот е мало електрично возило на четири тркала со два мотори и 12 батерии за мали автомобили.
„Тој ровер е во основа неуништлив“, вели Деслауриер. „Нашите ровери на Месечината и Марс, всушност, ќе имаат повеќе проблеми на Исланд, бидејќи, на пример, тие се сосема неподготвени за дожд“.
Опремен со сензори, компјутер и фотоапарати, роверот тежи околу 570 фунти и се движи со брзина од 20 инчи во секунда.
Возилото треба да биде толку бавно за да може правилно да собира податоци и да ги испраќа на Земјата, објаснуваат експертите.
Роверот што се тестира на Исланд е само прототип на оној што ќе биде испратен на Марс следната година. Тој ќе може да собира примероци и да ги чува во своите резервоари за да може идните мисии да ги донесат на Земјата.
Пред да стане ледена пустина со просечна температура од минус 63 Целзиусови степени, Марс, веруваат научниците, има сличности со субарктичкиот Исланд.
„Минералогијата на Исланд е многу слична на она што ќе го најдеме на Марс“, рече Рајан Евинг, професор по геологија на Универзитетот А & М во Тексас.
„Тука е исто така студено и нема многу вегетација, но има слична околина , како песочни дини, реки и глечери како на Марс во минатото“.
Исланд претходно беше користен како терен за обука на астронаутите на НАСА. За време на мисиите на Аполо, 32 астронаути биле геолошки обучувани на исландските полиња од лава.
Следната мисија на Марс е предвидена да започне меѓу 17 јули и 5 август 2020 година.