Во план е изградба на првата меѓународна жичарница која ќе ги поврзува Русија и Кина. Жичарницата ќе ги поврзува Благвјешченск во далечниот источен дел на Русија и кинескиот град Хеихе, а ќе поминува шреку реката Амур во Азија. Жичарницата ќе има четири кабини, а секоја ќе може да превезе околу 60 луѓе.
Патувањето меѓу најголемиот град на амурскиот брег и Кина би требало да трае само 7,5 минути. Проектот е опишан како светилник за заедничка просперитетна иднина на двата народи. Благовјешченкс и Хеихе биле поврзани во многу историски периоди, одобено во текот на острите зими кога замрзнувала реката и така се олеснувало преминувањето од едната на другата страна.
Станиците на руска територија ги осмисли холандската компанија UNStudio, додека на територијата на Кина се дизајнирани од непозната кинеска компанија.