Точната локација на корисниците никогаш не се открива, поради безбедносни причини и заради заштита на приватност.
Корисниците на МЧет имаат можност да прегледуваат профили на други корисници на апликацијата, да ставаат лајк односно дислајк, а доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање и можност за контактирање со испраќање на пораки кои што се интегрирани во мобилната апликација.
Дополнително корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели, да коментираат на истите, а можат и да прегледуваат актуелни новости од забавен карактер.
Користењето на МЧет е бесплатно, со опција за пристап до привилигирани функции за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да се преземе преку: Google Play (Android) и App Store (iOS)