На раб на изумирање се делфините, сомовите и дабарите

- Advertisement -

На светско ниво популацијата на слатководна фауна се намали за 88% од 1970 до 2012 година. Резултатите на студијата “Глобално опаѓање на слатководната мегафауна“ докажува дека популацијата на слатководна фауна на глобално ниво драстично се намалува, а некои видови се веќе прогласени за изумрени.

На работ на изумирање е делфинот од најдолгата азиска река Yangtze, како и сомовите и шараните од Меконг, индиските крокодили и европската кечига. Во студијата се наведува дека денес се живи три кинески желки со мек оклоп и сите три се мажјаци.

- Advertisement -

“Некогаш многу раширената кечига практично исчезна од сите европски реки, освен во една река во Франција“, се наведува во истражувањето.

Најголема причина за падот на популацијата е убивањето на животни поради месо, јајца и кожа но и човековата потреба за питка вода. Освен за пиење, таа се користи и за брани и за наводнување, а и голем дел од тие води се загадени.

- Advertisement -

Научниците проценуваат дека во 72 држави во светот полацијата од 126 видови е намалена за фрапантни 88%. Губењето на овие видови страшно негативно ќе влијае на флората и фауната, но и животите на милиони луѓе во голема мерка зависат од реките.

Преполовена  е популацијата на животни која е многу важна за природата и природните живеалишта, како што е евроазискиот дабар.

- Advertisement -

Студијата надедува две главни причини за ова неверојатно изумирање на овие животински видови. Првата е комплексноста на овие видови кои имаат пократок животен век и затоа не можат доволно бргу да се адаптираат на промените на околината па изумираат, а втората причина е човековата активност.

Сподели!
- Advertisement -