Како што планетата Земја се загрева поради климатските промени, нестабилните временски услови и променливите сезони му попречуваат на растот на посевите. Производителите на храна сега се соочуваат со неизвесност поради зачестеноста на сушите, поплавите и бурите, а повисоките температури предизвикуваат развој на повеќе болести, штетници и плевели.
Овие пет видови храна се во опасност од исчезнување.
1. Битански карфиол
Невообичаено обилните летни врнежи предизвикаа поплави во Линконшир, главниот регион во Велика Британија за одгледување карфиол и уништија голем дел од годинашниот род. Истовремено, европските производители се соочија со топлотен бран кој ги исуши посевите со карфиол, па поради малата количина се покачија и цените. Недостигот од карфиол ги натера рестораните и бизнисите со храна да бараат други алтернативи за своите потрошувачи.
Карфиолот, зелката, брокулата и прокељот можат да издржат одредени температурни промени, но неодамнешните екстреми беа премногу големи за да преживеат овие посеви. Иако моменталниот недостиг на карфиол е само привремен проблем, се повисоките температури ќе ја зголемат зачестеноста на сушите, поплавите и бурите, па овие посеви ќе бидат уште поподложни на уништување.
2. Американски јаболка
Најголем дел од органиските јаболка во САД се одгледуваат во државата Вашингтон, која произведува повеќе од 200.000 тони годишно. Потоплата пролет годинава предизвика развој на повеќе болести на овошките, кои особено се проблематични кај органското производство затоа што не се користат антибиотици.
Посилното сонце исто така е проблем бидејќи може да ја исуши лушпата на овошјето и да предизвика аномалии, кои значат дека плодовите нема да може да се продадат за јадење туку за сокови или за пулпата по многу пониска цена. Иако може да се постават мрежи над овоштарниците за да се заштитат, тоа е многу скапа инвестиција.
3. Кафе
Кафето не вирее на есктремна жештина или на минусни температури, туку мора да се одгледува во совршена релативно ладна планинска температура во тропските предели. Додека земјите како Бразил го одгледуваат кафето со стотици години, повисоките температури и екстремните временски промени не се добри за плодовите на кафето. Според една неодамнешна студија, најмалку 3/5 од моменталните видови кафе се во опасност од истребување.
Климатските промени исто така се закана по стеблата кафе кои растат во Етиопија. Тие се битен извор на генетски диверзитет, кој им е потребен на одгледувачите на кафе за да развиваат нови сорти кои можат да растат во потопли краишта.
4. Пченица
Ова е најкористената хрнана во светот, но и пченицата не трпи температурсни промени и некои земји се помалку спремни за да се справуваат со ефектите на топлотните бранови врз нивните посеви. Индија, на пример, според едно неодамнешно истражување, се соочува со потенцијален пад на приносите од посевите со пченица за 6% до 23% до 2050 година.
Тој пад на приносите во Индија ќе може да се надомести од други земји со поладна клима, каде што ќе се зголеми производството. Големите играчи на пазарот за пченица како Русија имаат недопрена природа каде што може да се посади пченица. Затоа Русија има потенцијал да го зголеми производството на пченица за милиони тони годишно.
5. Калифорниски праски
Одгледувањето праски не е лесно затоа што ова деликатно овошје е многу осетливо на температурните промени. За успешна берба е потребен контуниран период од поладно време, следен од период на потопло време. Ако има премалку ладно време, а премногу топли денови, праските ќе ослабат и ќе произведат плодови со лош квалитет.
Низ САД има поблаги зими, па овие овошки цутат порано и цутот е изложен на мраз, слана и други поекстремни појави. Одгледувачите на праски работат на развој на нови видови праски кои се поотпорни на временските промени. За развој на нова сорта се потребни две децении култивирање, а дотогаш планетата ќе доживее уште поекстремни климатски промени.