Оваа земја го загадува воздухот со најмалку јаглерод диоксид во споредба со остатокот од светот, а сепак е најсилно погодена од климатските промени што се последица на загадената Земјина атмосфера. Во Бурунди, земја во југоисточниот дел на Африка, секое второ дете има заостанување во развојот, а проблемо со хроничната неухранетост е поголем отколку каде било на друго место.
Емисијата на јаглерод диоксид на Руанда е толку ниска што некогаш достигнува и до нулата. Глобалното затоплување го пореметува снабдувањето со храна насекаде во светот, но неразвиените земји страдаат најмногу затоа што се најмногу зависни од локалното земјоделство.
Токму локалните мали земјоделци се најпогодени од екстремните временски појави како поплавите и сушите. Во Бурунди таквите појави во текот на наредните неколку децении ќе ги намалат приносите од посевите за дури една четвртина. Друг проблем во земјата е тоа што 90% од населението има работа во земјоделскиот сектор.
Сепак, Бурунди не е единствената земја со мала емисија на штетни гасови која страда од климатските промени. Во Конго поплавите доведуваат до ерозија на земјиштето, лизгање на земјиште и неплодни растенија. Повисоката влажност на воздухот, пак, ја зголемува опасноста од ширење на заразни болести кај растенија и животните.
Додека Мадагаскар, од друга страна, се сооочува со постојана закана од циклони, што резултира со подолги дождливи сезони со пообилни врнежи. Тоа е проблем за целиот тој регион заедно со долгите сушни сезони во Африка и оттука произлегува нестабилното снабдување со храна на континентот.
Потребно е да се преземат итни мерки за да се ублажат последиците од загадениот воздух и климатските промени. Некои од можните мерки се намалување на обработливите површини и менување на начинот на работа на земјоделците.
This country has the smallest carbon footprint but is one of the hardest hit by climate change
90% of Burundi’s workforce is employed in agriculture.📕 Read more: https://wef.ch/2U05MDy
Posted by Video – World Economic Forum on Четврток, 22 август 2019