Две компании создадоа технологија за рециклирање на сите видови пластика

- Advertisement -

Компаниите Plastonix и Elemental Recycling го направија невозможното: открија технологии кои овозможуваат рециклирање на сите видови пластика. Ова е неверојатна иновација затоа што досега практично немаше начин за рециклирање на најголем дел од пластиката, особено меката пластика, мешаната пластика и валканата или пластиката извадена од почва.

Сега тоа ќе се смени. Светот буквално се гуши во пластичен отпад – монументалната задача на рециклирање на 380 милиони тони пластика годишно беше тешко остварлива досега и затоа плажите и океаните ширум светот се гушат во отпад. Страшно звучи фактот дека дури 80% од пластичниот отпад секоја година завршува во океаните и на депонии.

- Advertisement -

Оваа иновација го зазема 22. место на листата на веб-страницата Interesting Engineering со најдобри иновации за 2022 година. Досега имаше откритија како бактерии што јадат пластика, ензими кои јадат пластика, печурки кои јадат пластика, но решението кое сите ние го оечкувавме е технолошко.

Канадската компанија Plastonix разви технологија која користи неколку техники што вклучуваат низа од методи, системи и хемиски агенти кои го претвораат секој производ на база на нафта во чипови кои може да се процесираат или во прав. Некои од композитните материјали кои може да се направат од чиповите и правот се материјали за поплочување, камења за поплочување, блокови за ѕидање, даски и сл.

- Advertisement -

Системот може да го процесира секој материјал направен од нафта, дури и мешани типови на материјали, и тоа истовремено. Пластиката која сега може да се рециклира, таа која сега не може да се рециклира, пластиката која никој не помислува да ја процесира – сето тоа може да се измеша и да се претвори во чипови или во прашина.

Компанијата Еlemental Recycling од Хјустон, Тексас, отиде чекор понапред од Plastronix и разви машина за рециклирање пластика, која почна да ја продава. Нивниот систем ќе биде доставен до првите купувачи во првиот квартал од 2023 година.

- Advertisement -

Тие развија едностепен процес кој секој вид на пластика до претвора во графит и графен со голема чистота. Графитот може да се користи за правење смартфони, секаква електроника, авиони и борбени авиони и е еден од композитните материјали во производството на автомобили.

Еден од нуспроизводите на процесот на рециклирање на Elemental е водородот. Пазарот за производи базирани на водород забрзано расте и склучува решенија за складирање, за транспорт, за енергија и за прекуокеански транспорт.

И двата овие методи се карбонски неутрални и се чисти извори на материјали. Производството на овие производи од пластичен отпад за овие компании ги задоволува и ги надминува регулаторните стандарди, но она што е најбитно е дека нема никаква емисија на штетни гасови.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -