Во САД ќе се отвори првиот ресторан кој ќе продава производи направени со марихуана

- Advertisement -

Еден ресторан во Калифорнија ќе стане првиот угостителски објект во САД кој ќе продава производи направени со марихуана во својата редовна понуда.

Lowell Cafe е ресторан кој се наоѓа во западниот дел од Холивод. Тие потврдуваат дека ќе станат првиот ресторан во Соединетите Американски Држави кој на своите клиенти ќе им понуди марихуана во различни форми.

- Advertisement -

Сите гости на ресторанот кои се постари од 21 година ќе можат да бираат кој вид канабис го сакаат и на кој начин ќе им биде послужен.

Според нивната веб страница, овој ресторан ќе биде првиот од вкупно осум прехранбени установи во Холивуд кои добиле дозвола да вклучат канабис во менито. Ресторанот ќе нуди т.н. „flower menu“ или цветно мени во буквален превод, кое ќе го менуваат дневно во зависност од продуктите кои ќе ги набават од локалните фарми.

- Advertisement -

Гостите ќе можат да купат готови производи со канабис затоа што моменталните закони не дозволуваат нудење приготвени јадења со марихуана.

Шеф Андреа Драмер е таа која го креирала менито, кое е првото такво во светот. Од ресторанот велат дека менито ќе биде одраз на сите вкусови кои ги нуди Калифорнија. Lowell Cafe ќе се отвори во септември и ќе почне да прима резервации две недели пред свеченото отворање, чиј датум уште не е познат.

Сподели!
- Advertisement -