Во октомври ќе се одржи вториот собир на WordPress заедницата во Македонија

- Advertisement -

На 5 ти и 6 ти oктомври ќе се одржи вториот, најголем собир на WordPress заедницата со локација во Скопје, на Факултет за информатички науки и компјутеско инжењерство – ФИНКИ.
WordCamp е конференција која опфаќа сè што е поврзано со WordPress, бесплатната и open-sourse платформа која движи милиони блогови и вебсајтови.
Централниот ден на конференцијата, 5-ти октомври, ќе биде одбележан со предавања од врвни локални и меѓународни предавачи, од кои многумина се прогласени за најдобри говорници на настани на WordCamp во други земји. Фокусот ќе биде на теми како што се функционален, модерен веб дизајн, разни начини на спроведување на WordPress за специфични веб-функционалности и нови предизвици и решенија поврзани со WordPress.
Комплетниот список на теми и предавачи ќе биде објавен наскоро.
Вториот ден на WordCamp Скопје Тhe Contributors Day, 6-ти октомври, ќе биде традиционално посветен на оние кои се вклучени во развојот на самиот WordPress, превод и локализација, развој и имплементација на плагини, теми… Секој заинтересиран може да се приклучи во тим под менторство од искусен координатор кој е тука за сите ваши прашања и потешкотии кои би ги имале, и кој ќе ви помогне што полесно и побрзо да се вклучите и да го дадете својот придонес.
 
Билетите за WordCamp Скопје се достапни за продажба по цена од 20 €.  Добивате маица, ручек и  кафе во текот на денот на конференцијата и After Party.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на WordCamp Скопје , каде заинтересираните посетители исто така можат да се претплатат на билтенот и да добијат најнови информации за настанот.

Сподели!
- Advertisement -