- Advertisement -
Најнова технологија која овозможува на луѓето да платат во продавница само со помош на нивното лице стана реалност во Кина.
Во државата каде мобилното и бесконтактното плаќање е се почеста глетка, отсега граѓаните можат за купените производи да платат само со погледнување кон машина со камера. Таа, со помош на софтвер за препознавање лица, ја поврзува нивната банкарска сметка со продавницата и врши дигитален трансфер на пари.
„Не морам да носам веќе ништо со мене“, вели Бо Ху, вработен во пекара која го користи овој систем за наплата. „Можам да излезам и да испазарам без да земам ништо со мене, ниту телефон ниту паричник.“
Софтверот веќе активно се користи во Кина, честопати за следење на граѓаните. Но, властите се најдоа под огромни критики поради неговото користење кое допринесува за се помалата слобода оставена на народот.
„Постои огромен ризик дека државата може да ги користи овие податоци за свои цели, како што се надзор, мониторинг, следење на политички неистомисленици, контрола, етничко профилирање, дури и предвидливо полициско работење “, вели Адам Ни, кинески истражувач на Универзитетот Мекквари во Сиднеј.
И покрај големите грижи за безбедноста на податоците и приватноста, потрошувачите не изгледаат загрижени од ваквиот начин на плаќање.
Алипеј, финансискиот партнер на трговскиот гигант Алибаба, веќе има поставено вакви уреди во 100 градови низ Кина.
Фирмата предвидува огромен раст во овој сектор и неодамна започна со надградба на системот „Плати со насмевка“, користејќи машина со големина на таблет.
Но, за многу потрошувачи, суетата е далеку поголем проблем од приватноста кој ги демотивира од користење на овие системи.
Анкетата на еден кинески портал откри дека над 60% од испитаниците рекле дека скенирањето на лицето за плаќања ги натерало да се чувствуваат „грдо“.
Како одговор, Алипеј вети дека ќе воведе „разубавувачки филтри“ во сите камери на Алипеј.
(Извор – www.radiomof.mk)
Фото – AFP