Ирска ќе стане уште позелена земја. Оваа европска држава со површина од 84,431 квадратни километри е одлучна во борбата против климатските промени и планира да посади 440 милиони дрвја до 2040 година. 70% од дрвјата ќе бидат зимзелени, а остатокот ќе бидат листопадни. Иницијативата е дел од поголемата цела на Ирска за стане карбонски неутрална до 2050 година.
Ирска има најмалку шуми од сите европски земји – 11% – споредено со европскиот просек од 30%. Некои велат дека садењето дрвја е одговорот, додека други не веруваат во оваа амбициозна цел. Во јуни годинава ирската влада изјави дека сака да почне да сади дрвја со цел да се бори со климатските промени и да се намали емисијата на јаглерод диоксид, но не открија колку дрвја ќе посадат. Сега имаат точна бројка.
„Таргетот за поѓумување е околу 22 милиони дрвја годишно. Во текот на наредните 20 години планираниот таргет е 440 милиони дрвја“ изјавија од владата. Со цел да се реализира оваа цел, Ирска има потреба од фармери кои ќе посадат многу повеќе дрвја на нивните имоти. Проблемот е во тоа што на фармерите не им се допаѓа таа идеја. Владата се надева дека ќе им го смени мислењето со одржување локални состаноци за да се зајакне поддршката за пошумувањето.
Има и други групи на луѓе во Ирска кои се противат на таргетот за пошумување. Од некои организации за заштита на животната средина велат дека луѓето баш и не ги бидува за пошумување и дека природата не сака кога ние садиме дрвја, туку тие треба да се садат самите. Според нив, наместо да се потрошат 94 милиони евра на шумарски грантови, владата треба да им плати на фармерите за да не садат ништо на своите имоти и да и се дозволи на природата да се обнови самата.
Едно претходно истражување покажа дека садењето повеќе од 500 милијарди дрвја е најефективно решение за борба со климатските промени. Тие шро се пториват на ирската иницијатива за пошумување велат дека пошумувањето нема да ја намали емисијата на стакленички гасови и треба да се разгледуваат други идеи.
Ирска планира да посади 440 милиони дрвја во наредните 20 години
- Advertisement -
- Advertisement -