Мексикански професор најде решение за препишувањето на испити

- Advertisement -

Професорот од Мексико, Луис Хуарез Тексис ги натерал своите ученици испитот да го полагаат со картонски кутии на главите за да не препишуваат едни од други, Фотографиите од испитот на социјалните мрежи предизвика лавина од реакции како во Мексико, така и во целиот свет.
„Тоа е понижување. Тој професор  ги матретира нашите деца и физички и психички“ тврдат некои од родителите на учениците. Тие бараат од федералната и државната власт и од институциите веднаш да го избркаат од работа и да ги заштитат правата на учениците.
Меѓутоа, има и такви кои го поддржуваат професорот. „Професорот тоа го направил јавно и не ги повредил учениците на никаков начин. Родителите треба повеќе да се грижат дали учат нивните деца, а не да се лутат поради кутиите“, велат некои од поддржувачите на неговите методи
На слична идеја дојдоа и италијански професори во 2013 година. Учениците во текот на испитите на главата морале да носат кациги направени од хартија за да не гледаат во туѓите тестови.

Сподели!
- Advertisement -