На Интернет се појавија спецификациите за новиот смартфон на Huawei – Mate 30 Pro. Со оглед на тоа дека серијата Mate 30 нема дозвола за користење на апликациите и услугите на Google, првиот флегшип телефон на Huawei е обвиен во мистерија. Постојат гласини за немобични позиции на камерите и закривен екран, но досега немаше информации за спецификациите.
Сега на Twitter беа објавени спецификациите за моделот Mate Pro. Откако на IFA саемот во Белрин беше претставен процесорот Kirin 990, следуваше протекување на спецификациите. Смартфонот ќе има 6,6 или 6,8-инчен FHD+ AMOLED Waterfall екран со резолуција од 2.400×1.176 пиксели, батерија од 4.000 mAh, која ќе може да се полни и безжично. Уредот има USB-C порт, екранот ја врши функцијата на звучник за на уво, додека на дното е моно звучник.
На задната страна има четири камери: главната со резолуција од 40 мегапиксели и камера со широк агол со иста резолуција, телефото камера од 8 мегапискели со 3x оптички зум и оптичка стабилизација, како и ToF сензор. Поддршка на камерите им дава и ксенон светилката, а има и сензор за температура на боите. На предната страна има слефи камера од 32 мегапискели, ултраширока камера и ToF сензор.
Телефонот има Huawei Face id 2.0 систем кој е брз и безбеден, а има и сензори за следење на работата на срцето и дишењето. Сензорот за отпечаток од прст е интегриран во екранот. Смартфонот ќе има 8 или 12 GB RAM и 128 или 512 GB внатрешна меморија. Huawei Mate 30 Pro ќе биде претставен на 19 септември во Берлин.
Huawei Mate 30 Pro ќе има вкупно седум камери
- Advertisement -
- Advertisement -