- Advertisement -
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат половина, односно еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува половина денар, на 69,50 денари за литар.
Бензинот „евросупер БС-95“, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат еден денар.
Новата цена на „евросупер БС-95“ е 67,5 денари за литар, на дизелот 62,5 денара за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство – 52,5 денара за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,494 денари, на 31,641 денар за килограм.
- Advertisement -