Coca–Cola HBC и Пивара Скопје повторно прогласени за европски лидери во одржлив развој

- Advertisement -

Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC Групацијата повторно го освоија првото место во европската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој. Во годинешното рангирање кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices – DJSI – водечки глобален стандард за одржливост во бизнисот), ја прогласи Coca–Cola HBC Групацијата за најодржлива компанија за безалкохолни пијалаци во Европа. Ова е 6-ти пат во последните 7 години компанијата да се најде на првото место и 9-та година по ред да се рангира меѓу трите најдобри глобални и европски компании за безалкохолни пијалаци.
Максимални оценки во 11 категории и подобрувања во 9 други категории, придонесоа за вкупен резултат од 90 освоени поени, што ја рангираше компанијата на второ место на глобално ниво.
Коментирајќи го постигнувањето, извршниот директор на Coca–Cola HBC, Зоран Богдановиќ изјави: „Ние сме почестени и горди што посветеноста на нашите вработени и партнери за одржливи практики повторно вроди со резултат и го добивме ова признание. Свесни сме дека ова е само моментален пресек, а во реалноста работата никогаш не запира и секогаш треба да се направи нешто повеќе. Затоа ние се фокусираме на конзистентната, долгорочна испорака на нашите цели за одржлив развој“.
Во текот на минатата година Пивара Скопје продолжи со дополнителни проекти во континуирано вложување и унапредување на системите за управување со енергија и водени ресурси, кои се користат во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа со што се намалува нејзиното влијание врз животната средина.
„Сите ние во Пивара Скопје сме исклучително задоволни и горди што како членка на Coca-Cola HBC Групацијата, учествуваме во исполнувањето на заложбите и таргетите за одржливост и на тој начин придонесовме нашата Корпорација да го потврди статусот глобален лидер во индустријата за пијалаци. Повторното освојување на првото место во Европа во угледното рангирање на ‘The Dow Jones Sustainability Index’, шесто во последните седум години, е повеќе од обично признание за нашите постигнувања на полето на одржливоста. Тоа претставува дополнителна инспирација за сите нас, со уште поголема посветеност и амбиција да продолжиме да работиме на заштитата на животната средина, на унапредување на безбедноста и здравјето, на одржување на највисок квалитет на нашите производи и на нашите вложувања во заедницата, како што е едукацијата на младите, со што ќе ги подобриме нивните шанси за вработување“, изјави Генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.
Неколку значајни постигнувања на ниво на групацијата Coca–Cola HBC за 2018 година кои придонесоа за остварување на овој резултат:

  • Постигната е заложбата, на научни основи, за намалување на емисиите на јаглероден диоксид во ланецот на вредности за 25% (во споредба со 2010 година), две години пред остварување на утврдениот таргет за 2020 година. Заштедени се 1,27 милиони тони емисии на јаглероден диоксид;

 

- Advertisement -
  • Постигнат е резултат од 88% посветеност на вработените, кој е над просекот за 100 компании на FTSE (Financial Times Stock Exchange);
  • 37% од раководните улоги сега ги имаат жените, а целта е да се достигне 50% до 2025 година;
  • 98% од потрошените средства од 3.237 милиони евра се од локални добавувачи, што е значајна поддршка за вработувањето и деловните активности во земјите во кои работи Групацијата и со тоа придонесува со данок од 328 милиони евра за локалните економии;
  • Инвестирани се 7,9 милиони евра во проекти во заедницата, од кои повеќе од една третина во програмата за зајакнување на младите ‘Youth Empowered’ со која им се помага на младите луѓе да ги развијат бизнис и личните вештини;
  • За 22% е намалена количината на вода што се користи во производството (во споредба со 2010 година);
  • Успешно е рециклирани материјали кои се еквивалентни на 45% од вкупното примарно пакување што се доставува на пазарот.

 
Мисија за одржлив развој
Во септември 2018 година Coca-Cola HBC започна да ги исполнува сопствените заложби за одржлив развој до 2025 година, при што се концентрираше  на шест клучни области: Намалување на емисиите на јаглероден диоксид; Употреба и управување со водените ресурси; Постигнување „Свет без отпад“; Набавка на суровини; Хранливи состојки; и Нашите луѓе и заедниците. Целосните заложби можат да се видат тука. Веќе е постигнат добар напредок и Групацијата е на добар пат да ги исполни дефинираните заложби.
Добрите резултати во одржливиот развој на Coca-Cola HBC исто така се признаени и од други релевантни рангирања во индустријата, како што се: CDP Climate Disclosure, MSCI ESG Rating и FTSE4Good Index.

Сподели!
- Advertisement -