-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Научници од МИТ открија како да се елиминира емисијата на CO2 од цементот

Kabtel desktop

Цементот е најчесто користениот градежен материјал во светот, а неговото производство е еден од најголемите загадувачи на атмосферата со емисијата на јаглерод диоксид. Научници од МИТ сега открија начин како да се намали емисијата на СО2 од производството на цемент речиси на нула.
Цементот вообичаено се прави така што се меле варовник и се меша со фин песок, па се „готви“ на екстремно висока температура од 1.450 степени Целзиусови. Не само што енергијата која се користи за загревање произведува огромна количина СО2, туку и тој стакленички гас се ослободува од самиот варовник во текот на процесот.
За секој килограм произведен цемент се произведува и килограм јаглерод диоксид, па кога ќе се собере тоа изнесува 8% од глобалната емисија на CO2 во атмосферата. Додека полемиките околу тоа дека цементот на крајот впива голем дел од CO2 произведен во текот на процесот, идејата да се прочисти процесот на производство не е лоша.
Истражувачите од МИТ се обидоа да направат промени во соодносот на состојките, понатаму со развој на нови геополимерски рецепти или со замена на цементот со еколошки прифатливи композитни материјали. Проблемот на сите тие обиди е што притоа се произведува друг тип на цемент, кој индустријата барем од почеток нема да сака да го користи наместо оригиналот.
Затоа сега се фокусирале на подобрување на еден од чекорите во процесот на изработка на цемент и правење поеколошки. Тоа е чистењето на варовникот од СО2. Наместо да го загреваат варовникот, користеле електролиза, односно процес во кој се раздвојуваат молекулите на водата на кислород и водород. На тој начин околу една електрода се создава кисела, а околу друга алкална средина. Варовникот се потпува во киселината, а од другата страна се создава калциум хидроксид во форма на цврсти снегулки. Тие варовнички снегулки потоа се собираат и од нив се прави цемент.
Целиот процес, секако, испушта јаглерод диоксид додека се потопува варовникот, но не се ослободува во атмосферата, туку може да се залови со оглед на тоа дека е чист и да се искористи за други цели како производство на течни горива или за карбонизација на пијалаци. Од МИТ тврдат дека тој јаглерод диоксид може да се комбинира со кислородот кој се ослободува во текот на електролизата и да се запали за да се создаде енергија за производство на нов цемент во истиот процес.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!