Астронаутите ќе јадат храна направена од човечки измет

- Advertisement -

Благодарение на научници од Државниот универзитет Пенсилванија астронаутите повеќе не мора да се грижат за залихите од храна кои мора да ги носат кога патуваат во вселената. Имено, истражувачите успеаја да разложат човечка урина и човечки измет за да создадат хигиенски прифатлива и безбедна храна.

Резултатоте е преработена храна која има голем процент на протеини  и масти. „“Ова не е вообичаена насока во која одиме во лабораторијата. Сепак, ова не е прв пат да се занимаваме со необични микрорганизми“ вели Кристофер Хаус, професорот кој е на чело на истражувањето.

- Advertisement -

Човечкиот иотпад би поминувал низ неколку филтри кои органските материи би ги претворале во метан и јаглерод диоксид, а еден од начините на филтрирање е сличен на филтрите кои се користат во аквариумите за да се третира амонијакот од рибјиот измет. Реакторот со помош на пластични филтри така отстранува бројни бактерии.

За жал, проектот моментално е во мирување, но научниците тврдат дека со задиоволство би го дале на друг тим од истражувачи кои се заинтересирани да го продолжат, пишува 24 sata.

Сподели!
- Advertisement -