Тинејџер од Прилеп измисли шприц кој 100 проценти ги штити медицинските лица од зарази

- Advertisement -
„Шприцот функционира така што под дејство на притисок излегува притисочната рачка, иглата излегува во иглената комора, под дејство на ротација се ослободува самата игла, потоа се дозира, се вбризгува, се инјектира. Исто тука морам да потенцирам дека шприцот е компактабилен за секаков вид на терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна, со тоа што после аплицирање на лекот се повлекува иглата и навлегува волуменската капсула“, истакна Сашо Јандрески, младиот иноватор.
Производот е патентиран во Државниот завод за индустриска сопственост, а куриозитет е тоа што овој шприц е првиот патентиран производ во областа на медицината во Македонија после цели 25 години. Јандрески идејата ја добил додека волонтирал во медицинските установи во Прилеп.
„Самиот шприц ќе биде компактабилен само за една употреба. Постои еден вид на блокатор и шприцот нема да може повеќе да се користи“, додаде Јандрески.
Јандрески на изумиот работел 11 месеци со поддршка од три професорки: Моника Јанкулоски, Наташа Милеска Михајлоска и Стефани Видеска. Шприцот може да се произведува во две варијанти: од обична пластика и малку поскапа варијанта од биоразградлива пластика.
„Сето тоа беше една макотрпна работа, но негова, исклучиво негова. Ние бевме тука само да му бидеме морална поддршка за да не прекинува со неговото истражување“, изјави Наташа Милеска Михајлоска, наставник по биологија.
По вчерашната презентација Јандрески планира уште една презентација на шприцот на Медицинскиот факултет во Скопје, како и започнување на преговори со компаниии од Македонија и странство коии би го откупиле неговиот патент.
Видео на следниот ЛИНК.
Сподели!
- Advertisement -