Facebook објави дека отстранил десетици илјади апликации кои потенцијално претставуваат закана за приватноста на корисниците, покажа внатрешната истрага водена на милиони апликации.
Социјалната мрежа ја започна таа истрага по скандалот со Cambridge Analytica во 2018 година кога свиркачот откри дека британска компанија водела кампања за масовна манипулација преку апликациите на Facebook за да влијае на американски и британски гласачи.
„Тогаш ветивме дека ќе ги разгледаме сите апликации кои имаат пристап до големи количини на информации за корисниците пред да ги смениме нашите регулативи од 2014 година“, истакна Им Арчибонг, потпретседател на Facebook.
За таа голема истрага платформата работеше со „стотици адвокати, надворешни истражители, аналитичари и инженери, за подобро да ги разберат механизмите на злоупотреба, и да ги отстранат штетните фактори меѓу програмерите“.
Суспендирани се 400 програмери, но тие апликации за луѓе не мора да претставуваат закана, изјави Арчибонг.
По избувнувањето на скандалот Cambridge Analytice во март 2018 година, Google и Facebook беа изложени на особено внимание на владата во Соединетите држави и во Европа во врска со користењето на личните информации.
Агенција за заштита на американски потрошувачи во јули одреди на Facebook рекордна казна од 5 милијарди долари бидејќи ги измами своите корисници во врска со контролата на нивниот приватен живот, особено за време на масовното откривање на лични информации према Cambridge Analytice, вмешани во претседателската кампања на Доналд Трамп и во кампањата за Брегзит во Велика Британија.
Зошто Facebook отстрани десетина илјади апликации?
- Advertisement -
- Advertisement -