Сите нови автомобили во ЕУ до 2022 година ќе имаат ограничувачи на брзината

- Advertisement -

За три години отсега сите нови автомобили во Европската унија ќе бидат опремени со уреди кои ќе ја ограничуваат брзината на движење. Оваа одлука следува откако мнозинство од ЕУ парламентарците глазаа за преземање повеќе безбедносни мерки кои ќе бидат задолжителни за сите нови автомобили од 2022 година.

Меѓу сите мерки кои ќе бидат преточени во закони е задолжителното поставување на системи за автоматско кочење, систем за предупредување кога ќе се излезе од лента, како и системи за предупредување кога возачот е поспан и не внимава.

- Advertisement -

Но, еден од одобрените системи кој засекогаш ќе го смени возењето, а на кој се противеа и производителите на автомобили и ентузијастите, е Intelligent Speed Assistance. ISA функционира така што се користат камерите за препознавање на сообраќајните знаци или податоците од  GPS за да се утврди максималната брзина при возење, а потоа автоматски го ограничуваат забрзувањето до дозволената граница. 

Најголем поддржувач на оваа технологија е Европскиот сосвет за безбедност при транспорт, од каде што велат дека ограничувачите на брзината ќе го намалат бројот на сообраќајни незгоди за 30% и ќе спасат 25.000 животи за првите 15 години од користењето. Од Советот велат дека во иднина ќе се залагаат за уште построги меркикои нема да може да се забобиколат. Оттаму препорачуваат ако возачот вози над максимално дозволената прзина неколку секунди, системот да пушти предупредувачки звук, а потоа да се појави и порака дека возилото вози на или под дозволената граница.

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -