Стотици илјади ученици, студенти, работници и други демонстранти ширум светот ги повикаа на протестите светските челници на Самитот за климата на Обединетите нации да донесат итни мерки за да се спречи глобална еколошка катастрофа. Протести се одржуваат во околу 150 држави во светот, а ги инспирираше 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг, која во САД пристигна со еколошка едрилица после две недели пловење.
Според CNN, повеќе од еден милион ученици добиле одобрение да не одат на училиште откако Њујорк најави дека нема да ги казнува учениците од јавните училишта кои ќе се приклучат во протестите.
Организаторите на протестите наведуваат дека ширум Австралија се собрале околу300.000 демонстранти. Со транспаренти во рацете на кои пишува пораки од типот „Океаните растат, но и ние растеме“, „Не ја предизвикавме кризата, но се бориме против неа“ и сл. ученици учествуваа на протести во Сиднеј, Мелбурн, Алис Спрингс и во други австралиски градови.
Многу луѓе се собраа и по градовите во Азија, на африканскиот континент и во Европа. Грета Тунберг на Twitter напиша дека во Берлин се собрале повеќе од 80.000 луѓе, додека полицијата во Лондон уапсила двајца демонстранти поради нарушување на јавниот ред и мир. Граѓаните се собраа и во Белград кај Теразиска чешма, а на социјалните мрежи споделуваа фотографии со хаштаг #petkomzabuducnost.
Во данската престолнина се собраа луѓе кои носеа чадори и транспаренти на кои пишуваше „“Законодавци, запознајте ја својата клима. Во главниот град на Финска еден маж облечен во костим на Дедо Мраз пред зградата на Парламентот носеше транспарент на кој пишува „Мојата куѓа гори, моите елени не знаат да пливаат“.
Во Стокхолм собраните демонстранти носеа транспаренти на кои пишуваше „Училиштата протестираат за климата“, што е слоганот кој шведската активистка Тунеберг го користела кога еднаш неделно бегала од часови за да простестира против климатските промени.
Во Прага и во други градови од Чешка се собраа илјадници студенти. Тие носеа транспаренти на кои пишува „Повеќе љубов, помалку јаглен“ и „Наука, не тишина“. Протестанти имаше и по улиците во Нигерија, како и во Најроби. Во Индија беа организирани најголемите простести против климатските промени досега во историјата на земјата. Помала група демонстранти протестираше во Токио, додека во Бангладеш имаше околу 3.000 деца пред Парламентот.
Што се однесува на големите компании, повеќе од 1.500 вработени во Amazon планираа да се оддалечат од седиштето во Сиетл и од другите канцелариски локации откако неколку месеци ја притискаа компанијата да издаде сеопфатен климатски план. Работниците во Google, Facebook и Twitter исто така планираат да учествуваат.
Светот се обединува во борбата против климатските промени – протести во 150 градови
- Advertisement -
- Advertisement -