Oтворена меѓународната изложба „Иновамак 2019“ во Скопје

- Advertisement -

Над стотина иноватори од повеќе од 20 држави ќе ги изложат своите креативни и иновативни идеи на третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2019“ што се отвори денеска и ќе трае до 26 септември во Скопје.

Организатор на саемот е Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM), а покровител е Светската федерација на иноваторски асоцијации (IFIA).
Државниот завод за индустриска сопсвтеност, како институција во рамките на промотивните активности на правата од индустриска сопственост, со години наназад ја поддржува изложбата и учествува во доделување награди.
Заменик директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција по повод отворање на изложбата, го истакна сериозниот пристап на Асоцијата на пронаоѓачи која, како што посочи, работи на сосема нов и компатибилен начин и појасни дека на манифестацијата ќе додели награди на најдобрите.
-Оваа асоцијација воведе сосема нов пристап кон иноваторството и со работење преку целата година со своите иноватори им помага не само во делот околу патентните пријави, туку и во реализација на нивните патенти што е од особена важност, рече Герасимовски.
Тој појасни дека за да се зголеми вредноста на пронајдокот, особено важно е пронаоѓачот да учествува на вакви саемски манифестации и да ги вклучи правата од индустриска сопственост од своите бизнис стратегии.
-Традиционално секоја година доделуваме три парични награди во категоријата на пријавен или заштитен патент и дизајн, жена иноватор и млад иноватор, рече заменик директорот.
Според него, целта на доделувањето на наградите е да се поддржат пронаоѓачите во нивната креација и нивното мотивирање во создавањето на пронајдоците кои ќе бидат успешно реализирани на пазарот.
-Со поттикнување на иновативноста и талентите во нашата држава, директно придонесуваме за развојот на општеството, напредокот и економскиот развој. Истовремено создаваме услови за младите да ги резлизираат своите амбиции тука во нашата земја. Токму затоа, ваквите манифестации се многу важни и ќе продолжиме силно да ги поддржуваме, истакна Герасимовски.
Фондот за иновации и технолошки развој втор пат ја поддржува манифестацијата. Фондот има поддржано над 300 компании со иновативни идеи што прераснале во бизниси и што се искомерцијализирани, а има доделено и кофинансирани грантови.
Неда Икономова-Гаврилоска од Фондот за иновации, која денеска присуствуваше на саемот, ги поттикна учесниците на овој саем да ги искомерцијализираат своите иновативни идеи, односно да аплицираат на некој од инструментиите на Фонд за инвоации.
– Мило ми е што денеска на саемот гледам млади луѓе, затоа што во фокусот на Фонд за иновации се особено младите. Во Фондот имаме програми и јавни повици со кои ги охрабруваме младите и подржуваме нивните иновативни и креативни идеи, зашто токму од нив почнува тој концепт за креативност и иновација што еден ден прераснува во бизис и претприемништво, рече Икономова-Гаврилоска.

Сподели!
- Advertisement -