Градот Бјеловар е првиот хрватски дигитално трансформиран град. Како што велат од Градот, идејата била да се оди во чекор со новите технологии, уште повеќе да се отворат за граѓаните и да им ја поедностават комуникацијата со Градската управа, а на работниците да им овозможат да бидат поефикасни и да им ја олеснат работата.
Компанијата IN2 вкупно имплементирала 80 дигитализирани процеси кои учекуваат наскоро автоматизација, после едукацијата на самите градски службеници. Се очекува дека со дигитализацијата на сите работни процеси ќе се подобри ефикасноста на службениците и драстично ќе се намалат сите трошоци.
„Не можеме новото модерно општество од 21 век да го градиме на стар потрошен бирократски модел од минатиот век. Сакаме да бидеме мала, брза и ефикасна градска управа во која нема да се губат предмети по фиоки, која ќе воведе стандардизирани модели на однесување кон граѓаните и претприемачите и каде што ќе се однесуваме исто кон секоја странка. Системот е многу прецизен, мерлив и ќе можеме секој градски службеник да го оцениме според неговата работа затоа што точно ќе се види кој колку работел во текот на годината“ вели градоначалникот на Бјеловар, Дарио Хребак.
„Докажано е дека БДП расте заедно со дигиталната трансформација и дека инвестициите одат токму таму каде што постои правна сигурност и каде што јавниот сервис е брз и ефикасен. Естонија, на пример, направи голем чекор напред, а по развиеноста беше далеку зад Хрватска. Денес таа е една од земјите кои предничат со својот развој токму поради дигиталната трансфомрација. Не гледам причина зошто Бјеловар, односно Хрватска не би можеле да го направат тоа. Со овој проект им испраќаме порака на сите дека сме сериозни и дека парите инвестирани во Бјеловар вредат повеќе отколку на кое било друго место во Хрватска”, додава градоначалникот.
Бјеловар стана првиот хрватски дигитално трансформиран град
- Advertisement -
- Advertisement -