До крајот на годинава ИКЕА ќе произведе повеќе енергија отколку што троши

- Advertisement -

До крајот на годинава ИКЕА ќе генерира повеќе енергија отколку што може да потроши. Сето тоа е благодарение на вкупно речиси 1 милион соларни панели кои се поставени на сите 370 продавници и складишта на компанијата, на 535 турбини на ветар поставени ширум Европа и во Северна Америка, како и на сопственичкиот удел во два соларни паркови во САД.
Во некои од своите продавници ИКЕА дури продава соларни панели. Компанијата си зададе амбициозна цел до 2030 година да биде „климатски позитивна“, односно да ја намалува емисијата на стакленички гасови за поголема количин од таа што ја создава. Групацијата ИКЕА изминатата деценија потроши 2,7 милијарди долари на чиста енергија.
Други компании исто така инвестираат во обновлива енергија. Amazon, на пример, го проширува своето портфолио со 66 проекти за чиста енергија, а Coca-Cola и Sony се обврзаа да се префрлат на 100% обновлива енергија. Нивото на јаглерод диоксид во воздухот сега е повисоко отколку кога било порано, а корисниците бараат од компаниите повеќе да се грижат за својот карбонски отпечаток.

Ikea will generate more energy than it consumes by the end of this year

"Being climate smart is not an added cost. It’s actually smart business."📕 Read more: https://wef.ch/2ncAzR4

Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 27 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -