Саудиска Арабија по прв пат ширум ја отвора вратата за страските туристи во рамките на поширок план за намалување на економската зависност од нафтата. Кралството ќе стартува визен режим за 49 земји и ќе го ублажи строгиот кодекс за облекување на туристките, иако од нив сепак ќе се бара да бидат „скромни во облекувањето“.
„Отворањето на Саудиска Арабија за меѓународни туристи претставува историски момент за нашата земја. Посетителите ќе бидат изненадени кога ќе видат какви богатства имаме – пет УНЕСКО локалитети кои се светско наследство, жива локална кутлура и природни убавини кои ве оставаат без здив“ изјави министерот за туризам на Саудиска Арабија, Ахмед ал Катиб.
Според него, на туристките ќе им биде дозволено да излезат на улица без долги фустани, кои саудиските жени мора да ги носат во јавност, но сепак ќе мора да ностат „скромна облека“. Саудиските визи досега ќе бидат ограничени и ќе се издаваат само на работници, на нивните семејства и на аџии кои одат на светите места во Мека и Медина.
Ријад минатата година почна да издава и привремени визи за посетителите кои присуствуваат на спортски и културни настани во обид да го подигнат туризмот. Но, многумина сметаат дека ова кралство, кое забранува алкохол и има строги општествени правила, ќе биде тешко да им се „продаде“ на туристите.
Саудиска Арабија се надева дека ќе обезбеди странски инвестиции во туристичката индустрија и сака туризмот да го подигне на 10% од бруто домашниот производ до 2030 година. Развојот на туризмот е една од клучните ставки на реформата на крунисаниот принц Мохамед бин Салман со цел подготовка на најголемата арапска економија за постнафтената ера.
Целта на саудиската влада е до 2030 година да привлече до 100 милиони посетители годишно, како домашни така и странски туристи, но на земјата и недостига инфраструктура за сместување на толку голем број туристи, а властите проценуваат дека во текот на наредната деценија ќе бидат потребни околу 500.000 нови хотелски соби ширум земјата. Се очекува во тој сектор да се отворат околу милион работни места, што е особено битно со оглед на тоа дека во земјата има голема невработеност меѓу младите.
Саудиска Арабија ги отвора своите врати за туристите со цел да не биде толку зависна од нафтата
- Advertisement -
- Advertisement -