Доктори препишуваат садење градини за подобрување на здравјето

- Advertisement -

Денес модерната наука почнува да ја применува еко-терапијата како вистински медицински третман, па градинарството или хортикултурната терапија се препишува на пациенти како медицинска пракса за подобро здравје во Манчестер, Англија. Докторите во болницата Cornbrook Medical Practice во Манчестер на некои пациенти кои патат од анксиозност, депресија и чувство на изолација им препишуваат уникатен лек – екотерапија со садење градини. Секој пациент добива одредена доза растенија за кои треба да се грижи и после одредено време да ги врати во болницата. Откако ќе ги врати, пациентот треба да ги пресади во болничката градина.
Градината сега е преполна со тревки, цвеќиња и зеленчук како брокули, карфиол и зелка. Многу од пациентите живеат во град и немаат пристап до зелени површини, особено градини, па оваа болничка градина им нуди место да ги негуваат растенијата кои им се доделени и да се дружат со други луѓе.
„Грижата за нешто има огромни бенефити за многумина, особено за луѓето кои немаат градина или не смеат да чуваат домашни миленици. Растенијата стануваат прочина за да се вратат назад и да се вклучат во други активности во нашата градина и да стекнат нови пријателства“, велат од болницата.
Додека еко-терапијата е нов концепт во модерниот свет, таа со векови се применува во домородните американски и азиски култури. Истражувањата исто така покажуваат дека контактот со природата лекува затоа што не трансформира, ни помага да се релаксираме и ја потикнува способноста на телото да го испушта хормонот на среќата ендорфин. Науката сега докажа дека поврзувањето со природата го подобрува здравјето, имунитетот, држењето на телото, физичката спремност, самодовербата, социјалните контакти, среќата и општото здравје.
Затоа, не е чудно што денес многу доктори на своите пациенти им препишуваат природа и градини. Дополнителен бонус е тоа што хортикултурната екотерапија е едноставен и евтин начин на подобрување на здравјето.

Сподели!
- Advertisement -