Месечината се повеќе се оддалечува од нас и тоа ќе влијае на животот на Земјата

- Advertisement -

Пред околу 4,5 милијарди години голем вселенски објект или можеби неколку помали удриле во Земјата, а парчињата кои во тој момент се одвоиле од нашата планета продолжиле да „живеат“ во нејзината орбита. Со тек на време се споиле и од нив настанал земјиниот сателит – Месечината. Таа тогаш создадена Месечина била голема топка од вжештен камен прекриена со оекани од лава, но била и 16 пати побликсу до Земјата отколку денес.
Како што се ладела површината на Месечината, така се „заладувал“ и односот меѓу Земјата и Месечината. Иако оддалеченоста се зголемувала со годините, колку биле навистина блиски во минатото можеби најдобро покажува видеото кое го направи познатиот планетарен научник Џејмс О’Донахју од Јапонската вселенска истражувачка агенција (JAXA).
Видеото почнува од моменталната ситуација наназад, следејќи ја притоа оддалеченоста на Месечината од Земјата, големината и брзината на движење на земјиниот сателит. Посебно е интересен фактот дека Месечината не се оддалечува со еднаква брзина од Земјата. Моментално таа изнесува околу 3,8 сантиметри годишно. Тоа е малку ако се има предвид величината на Земјата и на Месечината. Но, научниците истакнуваат дека на почетокот таа брзина на оддалечување била поголема и изнесувала околу 20,8 сантиметри годишно.
Низ годините таа брзина се движела од 27,8 до најмалку 0,13 сантиметри. За варијациите во оддалечувањето се одоговрни метеорите кои одвреме-навреме ја погодуваат Месечината, но и големите геолошки промени ние кои поминала Земјата. Иако се уште не мора да се грижиме за фактот дека Месечината ни „бега“, оддалечувањето на овој сателит ќе влијае на животот на Земјата. Така, со тек на време ќе се забави земјината ротација, а ќе се сменат и плимата и осеката. Сепак, со оглед на темпото со кое се оддалечува, за позначителни промени ќе треба да поминат неколку милиони години.

Сподели!
- Advertisement -