Кој град е најскап во светот?

- Advertisement -

Ако сакате да заштедите пари во странство, размислете двапати пред да го посетите Хонгконг. Тоа е официјално најскапиот град во светот. За да определи кој е најскапиот град во светот компанијата за консалтинг за човечки ресурси Mercer анализираше низа фактори како што се трошоците за сместување, за превоз, за храна, за облека, за апарати за домаќинство и за забава.

Во сите тие категории на прво место се најде Хонгконг. Ова е втора година по ред овој азиски град за се најде на врвот на листата со најскапи градови во светот. Од топ 10 најскапи градови дури 7 се наоѓаат во Азија. На второ место на листата со најскапи градови се најде Токио, а на трето е Сингапур. Единствените неазиски градови кои се рангирани меѓу првите десет најскапи се Цирих, Ашбабат и Њујорк.

Сподели!
- Advertisement -