Бојан Слат успеа – системот за чистење на окeаните од пластика почна да работи во Tихиот Океан

- Advertisement -

Системот за чистење на океаните од пластика почна да лови отпад од огромната карпа од отпад која плови по средината на Тихиот Океан и се протега на површина од речиси 1 милион квадратни километри. После години тестирање и многу проблеми, проектот на Холанѓанецот со хрватско потекло, Бојан Слат, се покажа успешен во својата намена.
„Денес сум многу горд што со вас можам да ја споделам веста дека сега ловиме пластика“ изјави Слат, основач на проектот The Ocean Cleanup, на прес-конференција во Ротердам. Дваесетипетгодишниот Слат, чија мајка е Холанѓанка, а татко му е Хрват, изјави дека системот за чистење може да фаќа пластика од сите големини, вклучувајќи и микропластика.
Целта на проектот стартуван во 2013 година е да се инсталираат пловечки уреди за чистење, кои ги фаќаат пластичните остатоци на пет места каде што отпадот формирал огромни карпи. Системот функционира така што брод зад себе влече пловечки цевки исполнети со воздух, кои се долги околу 600 метри. Змијоликата бариера се формира во облик на потковица и слободно плови носена од морските струи и ветрот. На цевките под вода има преграда долга околу три метри, па отпадот се задржува во таа потковица, а сипите и останатите морски животни можат непречено да пливаат.
Ocean Cleanup го стартуваше системот во заливот Сан Франциско во септември 2018 година, но имаше проблеми затоа што пластиката повремено излегувала од системот. Слат сега изјави дека техничките проблеми се решени и дека во тек е дизајнирањето на вториот систем кој ќе работи без човечка помош дури и на подолги временски периоди отколку првиот модел.

Сподели!
- Advertisement -