Апликација открива болести на очи кај децата

- Advertisement -

Научници развија апликација која може да открие рани знаци на болест кај очите на децата. Апликацијата наречена CRADLE (Computer Assited Detector of Leukoria) е наменета за уреди со оперативен систем Android или iOS, а користи машинско учење за да открие рани знаци на рефклесија на „бели очи“ на фотографиите. Тие знаци може да навестат ретинобластом, катаракта или други болести.
Апликацијата функционира без разлика на типот на смартфонот кој се користи и често е прецизна, а понекогаш со брзината на откривање на болестите може да ги надмине дури и лекарите. Научниците ја тестираа апликацијата и напрација речиси 53.000 фотографии. Во експериментите учествувале 40 деца од кои половина имале некоја очна болест. Од тој број апликацијата во 16 случаи открила болест во просек 1,3 години порано отколку што лекарите ја поставиле дијагнозата. Ретинобластомот е тумор кој може да премине на мозокот за шест месеци од забележувањето на „белите очи“, а апликацијата може да спаси животи.
Исто така, апликацијата е корисна без оглед на возраста, но најдобро фунцкионира кај деца кои не знаат да кажат дека имаат проблеми со видот. Родителите со оваа апликација можат често да ги проверуваат очите на децата.

Сподели!
- Advertisement -