Проработе вселенскиот Интернет на Илон Маск – иноваторот успешно го испрати првиот твит

- Advertisement -

Илон Маск можеби повремено личи на лудак, но мора да му се оддаде признание. Кога нешто ќе одлучи да направи, тогаш тоа и го остварува. Така е ако да се верува на неговата објава на Twitter дека успешно го испробал вселенскиот Интернет кој го обезбедуваат неговите сателити во мрежата Starlink.

Компанијата на Маск, SpaceX, во ниската Земјина орбита ги испрати првите 60 сателити пред неколку месеци. Тие сателити ја прават мрежата Starlink, која според јавно достапните планови, би требало да има 30.000 сателити и да ја покрива целата Земја.

- Advertisement -

Иако скептиците истакнуваат дека не е можно да се докаже дали Маск навистина објави твит преку мрежата Starlink, бројни следбеници на Маск со одушевување ја дочекаа оваа објава. Starlink би требало да овозможи пристап до Интернет каде било на Земјата, а Маск во неколку наврати истакна дека користењето на Starlink треба да биде евтино и достапно за сите.

Дека планот на Маск може да биде проблематичен предупредија и астрономите, кои истакнуваат дека толкава количина стаелити во ниската Земјина орбита би го оневозможила набљудувањето на вселената.

- Advertisement -

Ќе биде интересно да се види колку треба да ја прошират целата мрежа Маск и екипата и дали вселенскиот Интернет на Starlink ќе биде достапен и кај нас.

Сподели!
- Advertisement -