Зоштo многу луѓе одат на шопинг секогаш кога имаат малку повеќе пари во паричник? Затоа што материјалното богатство не прави среќни, барем на одредено време. Сепак, само неколку дена откако ќе купиме нешто ново, возбудата и уживањето почнуваат да бледеат. Изгледа дека кога ќе се навикнете на тоа ново што сте го купиле, почнувате да чувствувате потреба да одите и пак да купите нешто за да ја почувствувате таа краткотрајна среќа. И тоа станува еден маѓепсан круг без крај.
Проблемот со тоа е што се обидувате да ја купите среќата. За жал, парите можат само да го олеснат животот и не можат да ви обезбедат долгорочно задоволство. Според едно истражување кое го спровеле научници на Универзитетот Корнел, има начин да се прекине тој маѓепсан круг.
Томас Гилович, професор по психологија на Ууниверзитетот, откри дека луѓето ја добиваат истата таа среќа кога купуваат нешто и кога патуваат. Најбитен момент е тоа што додека задоволството од шопингот трае кратко, сеќавањата на некое патување долго време може да ви бидат извор на среќа.
Глиович објаснува дека адаптацијата е еден од непријателите на среќата. Купуваме работи за да не направат среќни и успеваме во тоа, но само за кратко. Набрзо ќе се адаптираме на новите купени работи и нема повеќе возбуда. Иако купувањето нови работи ви дава чувство на нешто ново, сепак ја нема главната состојка за одржување на таа среќа.
Како што објаснува д-р Гилович, вашето искуство ќе стане побитен дел од вас отколку материјалните работи. Вушност, можете да уживате во она што сте го купиле, да го сакате, а можете да појдете дотаму што ќе мислите дека дел од вас е поврзан со тие работи. Сепак, тие не се дел од вашиот идентитет. Од друга страна, искуствата на патувањето се дел од она што сте вие како личност.
Најбогатите и најмилите сеќавања не се дел од материјалните предмети што сте ги купиле. Тие се вкупен збир на искуствата што сте ги имале. Патувањето не носи на нови култури и места. Во една таква средина се чувствувате како се што гледате околу вас да ве прави побогати. Вашиот мозок и телото губат чувство за време и апсорбирате нови информации.
Таа дисконектираност од вашата нормална средина на која веќе сте се адаптирале е одлична околина за креирање среќни и трајни сеќавања кои тешко се забораваат или се заменуваат. Волтер Валдингер е 80-годишен истражувач од Универзитетот Харвард кој докажа дека луѓето кои се најповрзани со нивните семејства, пријатели, заедницата и другите луѓе се најздрави и најсреќни. Владингер вели дека треба да ги продлабочите врските така што заедно со луѓето во вашиот живот ќе правите заеднички активности.
Тој вели дека искуствата ве поврзуваат со другите на начин на кој материјалните работи не можат. За Валдингер некои од најбитните искуства во неговиот живот се патувањата. Тој открива дека патувањето го зближило со семејството. Учеството во екстремни спортови, учењето нови вештини или посетувањето необични настани ќе ве направи среќни. Новиот автомобил или новиот гаџет со тек на време ќе стане обичен, стар и застарен. Од друга страна, сеќавањата кои ќе ги имате од патувањата се вистински извор на среќа кој ќе остане со вас целиот живот.
Затоа, инвестирајте ги тешко заработените пари во искуства и на тој начин ќе инвестирате во долгорочна среќа и задоволство.
Научниците тврдат дека патувањето не прави посреќни отколку парите!
- Advertisement -
- Advertisement -