Во Виена се отвора музеј кој со својата „Instagram friendly” политика сака да ги привлече младите и во интерактивни простори да им овозможи да создадат сопствени ументички дела. Со ѕидовите во живи бои и големите предмети, музејот има се што е потребно за совршени селфи фотографии.
„Бројот на млади луѓе кои одат во музеј е мал, па се обидуваме да ги победиме социјалните мрежи. Тие сакаат да живеат онлајн“ вели еден од креаторите на Nofilter_museum.
Музејот има 24 простории и е полн со интерактивни поставки со кои луѓето можат да се забавуваат. Посетителите можат да најдат совршени ќошиња за своите фотографии и да се фотографираат пред ѕидови со различни бои и принтови, со храна, во топки, на маса со семејство плишани мечиња во природна големина итн.
Музејот ќе биде отворен шест месеци, а потоа може да се пресели во други градови. Цената на влезницата ќе биде од 15 до 29 евра за посета од 90 минути. Nofilter_museum се приклучува на големиот број такви установи ширум светот кои ги таргетираат корисниците на социјалните мрежи и Instagram „манијаците“ чија цел е да направат совршени фотографии и потоа да ги објават. Голем број инфлуенсери од Instagram веќе се заинтересирани за посета на музејот.
Во Виена се отвора селфи музеј за Instagram генерацијата
- Advertisement -
- Advertisement -