Која од мобилните видеоигри заработува најмногу?

- Advertisement -

Како и да се составуваат листи со најдобрите, најголемите, најпродаваните видеоигри, секогаш се појавуваат истите имиња. SuperDatа исто така составија листа со мобилни игри кои имаат најголема заработка и овој пат видеоиграта која се најде на врвот на листата изненади многумина.
Имено, Pokemon Go се искачи на врвот меѓу мобилните игри со најголема заработка од сите. Иако се работи за видеоигра стара три години, очигледно е дека уште е доволно популарна во целиот свет за нејзините креатори да можат да бидат задоволни.
Иако самата игра е бесплатна за играње, во текот на целата година авторите воведуват низа додатоци кои се наплаќаат и на играчите може да им бидат толку интересни што ќе посегнат во џеб и за нив ќе издвојат некој долар.
Освен Pokemon GO, на листата со мобилни видеоигри кои заработуваат најмногу се најдоа и Honour of Kings, Fate, Last Shelter: Survival се разбира Candy Crush Saga.
На листата со игри за конзоли, пак, на врвот се искачи Fortnite, додека во категоријата видоигри за компјутер првото место го зазеде Dungeon Fighter Online.

Сподели!
- Advertisement -