Како што услугите кои ги нудат салоните за убавина стануваат помодерни, се повеќе придонесуваат за натрупувањето отпад, токсични гасови и друго загадување. Кога ќе размислиме дека индустријата за убавина секој ден во САД создава околу 200.000 тони отпад, не е тешко да сфатиме колкаво загадување со јаглерод диоксид прави секоја ваша посета на некој таков салон.
Според извештаите, стилистите користат од 60 до околу 280 литри вода секој час за миење на боја за коса, за обично миење на коса и за други видови чистење. Најголем дел од таа вода се испушта низ одвод. Ако тоа го помножиме со околу 6 до 12 клиенти дневно за секој фризер, ќе можеме да ја видиме поголемата слика на ситуацијата.
Амонијакот и другите хемикалии во боите за коса исто така се измиваат низ одвод. Иако се третирани, комерцијалните филтри не ги отстрануваат тие хемикалии пред да се испуштат во водата за пиење. Некои од тие хемикалии се врзуваат со појавата на канцер. Освен тоа, за време на бојадисувањето на косата, и стилистот и клиентот може да ги вдишат тие токсини.
Во повеќето салони за убавина во корпите за отпадоци има купови пластичен отпад од фолии, кутии, ракавици и друг отпад кој годишно изнесува околу 75.000 тони за целата индустрија за убавина. За еден просечен третман на бојадисување коса се трошат повеќе од 7,5 метри алуминиумска фолија. Иако фолијата може да се рециклира, таа ја примаат за рециклирање само ако е чиста и сува, што ретко се прави во салоните. Ако се фрли во отпад, на фолијата и требаат од 200 до 400 години за да се разложи.
Како вашата посета на салон за убавина придонесува за загадувањето со јаглерод диоксид?
- Advertisement -
- Advertisement -