НАСА повторно ја закажа првата „женска прошетка“ во вселената

- Advertisement -

Откако беше најавена во март годинава и потоа беше откажана поради немање соодветни астронаутски костими за двете астронаутки кои требаше да учествуваат во неа, НАСА конечно вчера повторно ја закажа првата „женска прошетка“ во вселената. Астронаутките Кристина Кох и Џесика Меир сами без присуство на машки персонал ќе излезат надвор од Интернационалната вселенска станица и ќе ја комплетираат четвртата, од вкупно десет планирани такви „прошетки“ во наредните три месеци, со цел надградба на системот за напојување на оваа орбитирачка лабораторија.

Кох и Меир треба сами да излезат на „прошетка“ на 21 октомври. Ова ќе биде прв пат две жени сами да излезат на мисија надвор од Интернационалната вселенска станица. Иако астронаути и космонаути досега биле на повеќе од 200 „прошетки“, само 15 жени биле дел од тие „прошетки“ и тоа секогаш во присуство на машки колеги.

Сподели!
- Advertisement -